Во Индија се вршат претреси на локациите на производителот на смртоносниот сируп против кашлица

Агенцијата за спроведување на финансиски криминал на Индија врши претреси во компанијата за сируп против кашлица поврзан со смртта на голем број деца.

Членовите на Агенција пребаруваат седум локации на компанијата „Сресан Фармацевтикалс“, производител на сируп против кашлица „Колдриф“, од кој починаа неколку деца во државата Мадја Прадеш“, изјави неименуван извор.

Според него, рациите во градот Ченај се дел од истрагата за перење пари поведена против производителот на сируп.

Индиската полиција минатата недела го уапси Г. Ранганатан (75), сопственик на „Сресан Фармацевтикалс“, под сомнение за производство на сируп против кашлица што предизвика смрт на најмалку 21 дете во изминатите два месеца.

Ранганатан беше уапсен во својот дом во Ченај, под сомнение за убиство од небрежност.

Поголемиот број жртви на сирупот се од индиските сојузни држави Мадја Прадеш и Раџастан и биле под петгодишна возраст.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close