ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА, НО, И КАКО ДОЛГ КОН ИСТОРИЈАТА!

Во чест на првиот селски комишија, преку здружението МАЦКОВО ( тоа е селото од каде дошле претците на Ванчо Николески во Црвена Вода), веќе седма година, го органиозираме Балканскиoот поетски камп за деца и млади “ Ванчо Николески”. Се реализира, во втората половина на август, секоја година, трае три дена, со почеток на 22, или 24 август, во зависност од тоа кога е официјалниот почеток на “Струшките вечери на поезијата”, манифестација со која имаме традиционална соработка, додека нашите учесници се и нивни гости и ги проследуваат манифестациите за кои се заинтересирани.
Одржувањето е поткрепено со внимание и финансиска поддршка, пред се, на општина Охрид, како и со перманентната медиска поддршка во земјата и надвор. По наша и оценката на јавноста, проектот се реализира успешно, за што потврда се бројните објави, порастот на бројот на учесниците, ширењето надвор од Балканот (2022 со учесници од Украина), како и поддршката од најрелевантни институции. Покрај од УНЕСКО, преку покровителството на Светската академија на поезијата, со седиште во Верона, општините Охрид, Струга, Вевчани и Дебрца, како и институцијата – Претседател на Северна Република Македонија, претходно, Стево Пендаровски, сега, Гордана Сиљаноска Давкова.
Се одржува во Лескоец кај Охрид (официјален почеток во ЦОУ “Ванчо Николески”),потоа во Охрид, Белчишта – Општина Дебрца, Струга, Вевчани, како и Црвена Вода, родното место на Ванчо Николески, родоначалникот на литературата за деца и млади – пред неговата родна куќа и во “Спомен собата” на писателот во училишната зграда.
Е сега, како е можно, Министерството за култура, да го однбива повој проект!? Еднаш со образложение: “не е традиционален!”, лани “дека освоил 49 бода, а требале 51”, годинава – еуште не сме добиле писмено образложение – зошто е одбиен, а догодина, и никогаш потоа – НЕМА ДА КОНКУРИРАМЕ!!!
Дали е можно. Е, па можно е драги претседатели (Пендаровски- Сиљановска – Давкова).
Зошто е можно?
Е, па, да не беше така, не ќе беше вака!!!






