Во интервју принцот Хари раскажува како дознал за смртта на мајка си

Принцот Хари му даде интервју на Андерсон Купер во емисијата „60 минути“, каде што говореше за својата биографија „Резерва“.

Една од највпечатливите информации што ги сподели Хари во интервјуто, а и во претстојната книга,  е како дознал за смртта на мајка си

.Тој имаше 12 години кога мајка му, принцезата Дијана, загина во сообраќајна несреќа во Париз. Тоа се случи во август 1997 година. Хари бил во замокот Балморал во Шкотска со другите членови на кралското семејство. Во книгата Хари го опишува моментот кога татко му, принцот Чарлс, го разбудил за да му каже што се случило.

„Во книгата пишуваш: тој ми вели: се обидоа, драго момче, ама не успеа. Дали плачеше?“, го праша Купер.

„Не. Не. Нема солзи во тој момент“, рече Хари. „Бев во шок. Имав дванаесет години. Околу 7.30 наутро, рано. Влегува татко ми, седнува на мојот кревет, ја става раката на моето колено и ми вели: ‘Тоа беше несреќа’. Не можев да поверувам“.

„Во книгата пишуваш дека татко ти не те прегрнал. „Тој не беше добар во покажувањето емоции во нормални околности. Но, неговата рака повторно падна на моето колено и ми рече: „Ќе биде во ред“. Но, после тоа, долго време ништо не беше во ред“.

„Не, ништо, ништо не беше во ред“, одговори Хари на цитатот што го прочита соговорникот.

Хари побарал помош од терапевт пред седум години и открива дека пробал и многубројни експериментални третмани за да се обиде да се справи со тагата што сè уште ја чувствува поради смртта на мајка си.

Понатаму, Хари открива дека семејството не го вклучило во плановите поврзани со смртта на кралицата Елизабета.  Тој бил во Лондон кога палатата објавила дека кралицата е под медицински надзор во замокот Балморал во Шкотска.

„Го прашав брат ми: кои се твоите планови? Како ќе одите ти и Кејт таму? А потоа, неколку часа подоцна, сите членови на семејството, кои живеат во областа Виндзор и Аскот, заедно влегоа во авионот. „Авион со 12, 14, можеби 16 седишта“.

„Не бевте поканети во тој авион?“, праша Купер.

„Не бев поканет“, рече Хари.

До моментот кога Хари стигнал сам во Балморал, кралицата веќе била почината.

Back to top button
Close