Во истрагата на ФБИ ќе има уште играчи од НБА лигата

Американските медиуми пренесуваат дека скандалот со обложување во НБА лигата „не е завршен“, со напомена дека може да се очекува уште имиња да бидат вклучени во федералната истрага.

Скандалот со обложување започнува и не гледам дека ова блиску до крајот, истакна новинарот на ЕСПН Дејвид Пердум. Тој напомена дека постои можност на вмешаност на луѓе и од колеџ кошарката, но и нови имиња на поранешни и сегашни имиња од НБА лигата. Засега со федералната истрага се опфатени бекот на Мајами Тери Розиер, тренерот на Портланд Чонси Билапс и поранешниот играч Дејмон Џонс.

Според федералните обвинители истрагата има податоци за две меѓусебно поврзани операции на обложување, една со наместени покер игри поврзани со организираниот криминал, а втората се инсајдерски информации користени за спортско обложување.

ФБИ потврди дека станува збор за десетина милиони долари, а апсењата биле извршени на територијата на неколку американски држави

Back to top button
Close