Во Италија и Романија уапсени 12 членови на кибер криминална група

 Италијанската и романската полиција со поддршка од Европол и Евроџаст откри криминална група која со кибер измами обезбедила за себе профит од 20 милиони евра за една година.

– Членовите на криминалната група измамиле граѓани ширум Европа, кои префрлале пари на банкарските сметки на „финансиските мули“ во Италија. Групата на тој начин обезбедила профит за себе од 20 милиони евра за една година, се наведува во соопштението на Европол.

Полицијата на Романија и на Италија денеска извршиле претрес во 12 куќи и уапсиле 12 лица (осум во Италија и четворица во Романија). Во операцијата запленети се компјутери, кредитни картички, недвижен и движен имот, чија вредност се проценува над 1,5 милиони евра.

„Финансиски мули“ се лица кои подигнуваат пари стекнати преку криминални дела, и ги проследуваат кон други сметки или физички ги предаваат на други луѓе.

Back to top button
Close