Во Италија се скина жичарница, најмалку девет лица загинаа

Најмалку девет лица загинаа денеска а две деца се повредени кога падна жичарница која ги поврзува градот Стреса и планината Мотароне.

Агенцијата АНСА наведува дека во моментот на несреќата во кабината на жичарницата имало 11 патници, а дека повредените деца со хеликоптер се префрлени во болница во Торино.

Според службата за спасување, жичарницата во моментот на падот била на голема височина, пренесе АП.

Жичарницата Стреса Мотароне превезува туристи и локално населени од познатиот град Стреса на брегот на езерото Маџоре, до врвот на планината Мотароне на височина од околу 1.400 метри за 20 минути, наведува Ројтерс.

Back to top button
Close