Во изминатите три дена регистрирани 179 нови заболени од Ковид 19, пријавени шест починати лица, оздравеле 347 пациенти

 Во последните три дена од изминатиот викенд (9-11 септември), направени се 1.286 тестови, а регистрирани се 179 нови случаи на КОВИД-19 од кои 36 се реинфекции, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи најголем број има регистрирано во Скопје – 94, Битола – 16 и Куманово – 11. Регистрирани сe и 347 оздравени пациенти
Во текот на изминатите три дена пријавени се две починати лица, по едно лице од Скопје (79г) и Валандово (86г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се четири починати лица, по едно починато лице од Скопје, Битола, Охрид и Крушево, на возраст од 71 – 89г. Три лица се починати во болнички услови и едно лице е починато во домашни услови. Лицата се починати во период од 25.08. до 01.09.2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.158.164 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.583, бројот на оздравени пациенти е 331.213, на починати е 9.512, а бројот на активни случаи изнесува 858. Најмногу активни случаи има во Скопје 377, во Битола 82 и 50 во Прилеп. Нема активни случаи во Дебар, Богданци, Демир Капија, Пехчево и во Дојран.

Back to top button
Close