Во изминатото деноноќие произведени 13 817 мегават часови електрична енергија
АД ЕСМ вчера произведe 13 817 мегават часови електрична енергија, соопшти Владата.
Струјата е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и за потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти.
Според Владата, во термоелектраните се произведени 8 809 мегавати, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 5 008 мегавт часови електрична енергија.