Во изминатото деноноќие произведени се 10.732 MWh електрична енергија

 АД ЕСМ на 21.04.2023 година произведe 10.732 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта и други витални држави субјекти.
 Во Термоелектраните произведени се 7.515 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.217 MWh.
 Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 2.400 MWh електрична енергија, соопшти владината прес-служба.

Back to top button
Close