Висококатницата која ќе се гради во Карпош е со 3 пати помала површина од маркицата во ДУП-от

Градежната компанија „ЗСФ-КОМ“ на бизнисменот Фатмир Етеми доби одобрение изградба на станбен објект покрај булеварот Партизанска во Карпош, поточно помеѓу бензиската „Макпетрол“ и поликлиниката „Букурешт“, кој ќе има површина од 31.958 квадрати, што е за околу 2 третини помалку во споредба со она што го дозволува Деталниот урбанистички план за Градска четврт 305, донесен уште во 2013 година пишува Фокус.

Според изводот од ДУП-от со кој располагаме, на овој простор вцртана е градежна парцела со број 6.1 со површина од 4.569 квадрати, каде е предвиден објект со намена А2-домување во станбени згради (габарит од 3.543 квадрати), со приземје, 26 ката и поткровје (П+26+пк) и висина од 88 метри. Притоа, со оваа маркица се предвидува максимална изградена површина од 99.204 квадрати.

Врз основа на овие параметри, инвеститорот изготвил урбанистички проект, неопходен за постапката за издавање на одобрение за градба. Имено, документацијата што ја обезбедивме покажува дека овој проект предвидува различен објект со поинакви карактеристики во споредба со планот. Односно, не се проектира објект во форма на квадрат со еднаква висина, туку скалест објект на повеќе нивоа, при што делови одат во висина до 10, 16 и 17 ката, а еден дел ќе биде само приземје и еден кат.

Повеќе

Back to top button
Close