Во касарните во Велес и Штип ново примените професионални војници без греење,топла вода и мизерна храна.Двајца веќе добиле шуга други пневмонија
Условите во касарните во кои се сместени новопримените професионални војници се мизерни сведочат за Либертас неколку од нив. Вчера откако било дијагностицирано дека двајца од нив имаат шуга,болест која се добива од нехигиенски услови и е пренослива.
Во касарната во Велес каде што сме до пред некој ден воопшто немавме греење и топла вода. Ние девојките еднаш неделно добивавме можност во купатилата на старешините да се избањаме,таму има топла вода, за нас новопримените ни греење ни топла вода.
Двајца веќе напуштија но неможеме сите, условот ако сакаш да напуштиш е да платиш 5 илјади евра вели питомка во Велешката касарна која сведочи дека спијат во униформи оти собите се студени без греење се. Јас добив бронхит како повеќето од нас таму. Греење ни пуштија пред некој ден кога дојдоа старешини од Нато,да не беа тие уште ќе мрзневме. Разбирам дека е војска но условите се повеќе од мизерни, нехигиена,валкани постелнини и ќебиња,храната е мизерна,вели таа
И колегите кои се сместени во касарната во Штип се сместени во касарна без греење и топла вода,тие имаат сепак среќа,имаат вреќи за спиење и спијат во нив,не како нас во униформите,вели питомката од Велешката касарна.
Вчера кога се дозна дека кај двајца било утврдено дека се заразиле со шуга, не пуштија дома викендов. Замислете во 21 век во војска на земја припадничка на НАТО касарни со вакви услови во кои добиваш шуга и пневмонија. Би напуштила и јас но немам 5 илјади евра да платам за да заминам.
За шугата вчера во вечерните вести објавија тв 24 во вечерните вести
„По дијагностицирањето, војниците се изолирани и тие се упатени на домашно лекување согласно важечките здравствени протоколи. Веднаш се преземени соодветни превентивни мерки со цел спречување на евентуално ширење на болеста.
Дополнително, спроведен е епидемиолошки надзор од страна на стручни лица од воено медицинскиот центар, при што се постапува согласно нивните стручни насоки и препораки.
Ве информираме дека пред приемот на професионалните војници и почетокот на обуката обезбедени се сите предуслови за сместување, престој, живот и работа во единицата“, велат од Армијата за ТВ „24“.






