Во кавгата на Стевчо Јакимовски и Мицковски се вклучи Пандов


ВМРО-ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски ја раскинаа коалицијата во општината Карпош пред месец и половина, настан кој беше крај на неколкугодишната соработка меѓу двете страни откако градоначалникот на Карпош ја напушти СДСМ во 2014 година. Причините, според Јакомвски, биле обидите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за рекет и закани врз стопанственици од неговата општина.

Од тој момент војната на зборови продолжи, но последните две недели таа доби нова димензија. Ставовите не се разликуваат само за водењето на Општината Карпош, туку и за однесувањето на опозицијата против т.н. француски предлог.

ВМРО-ДПМНЕ утрово до медиумите го проследи Фејсбук статусот на Александар Пандов, во кој директно го обвинува Јакомовски дека го „ситни отпорот кон предавниците“

„Не му чуе нему ни за бугарски договор, ни за француски предлог, уште помалку за протоколите, а со тоа и бугаризирањето на Македонија. Главен проблем му е што не добил јавно претпријатие во градот Скопје и одреден број места по управните одбори низ градот.

Тоа е причината што Стевче не дојде на сенародниот протест на 18.6, каде ќе го слушнеше претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како професорски им ја демонтира заверата на предавниците кон македонскиот народ и воедно ги предупреди на отпорот кој следи“,
објави Пандов.

Пандов го овини Јакомовски и дека се појавил само на еден или два протести против францускиот предлог.

Оттука, да обвиниваш некого кој 20 дена поминал по улици протестирајќи, а ти само два, најблаго кажано е неморално и нечесно.

Премногу е ниско и мизерно било кој, та бил тоа и Стевче Јакимовски, оваа борба да ја сведе на лечење фрустрации и суети за едно директорско место или неколку членови по управни одбори“,
напиша Пандов.

Нападот на Пандов, најверојатно, се должи на вчерашното гостување на Стевче Јакомовски на ТВ 24. Лидерот на ГРОМ не штедеше зборови за постапките на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ. Директно го обвини за „фарса“ и за „асистирање“ на СДСМ во она што Јакимовски го гледа како предавство.

„Прво, за мене фарса не прави власта. Власта е јасна како денот. Таа е спремна да предаде. И власта си кажува, ние сме за прифаќање на договорот со Бугарија, ние сме за уставни промени, за внесување на Бугарите во Уставот. Значи, СДСМ ни е јасен како ден. Фарсата е кај опозицијата, кај Христијан Мицкоски. Проблемот е што овој му асистира (на СДСМ) во правењето на предавствата, а ваму изиграва пред народот дека он е тој што ја штити Македонија“,изјави Јакимовски.
Како пример за тоа асистирање, Јакимовски обвини и дека големиот протест кој го организираше ВМРО-ДПМНЕ во јуни бил во насока да се помогне власта.

„Ќе одговори ли на ли на прашањето (Мицкоски н.з.), зошто месец и пол однапред направи протест кој беше 10 дена пред објавување на бугарскиот предлог? За кулминацијата да се достигне 10 дена пред тоа и после тоа тие протести беа само фарса. Мојот предлог беше да направиме еден голем протест што ќе има најмалку 60-70 000 луѓе, најмалку 700-800 автобуси да донесевме и замислете ја глетката вие од фонтаната во парк до Стоковна куќа Мост“,
изјави Јакимовски.

Back to top button
Close