Во Кичево 38 лица со прекршочен налог за неносење заштитна маска

– Според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид во моментов во изолација се 104 лица, од кои 20 се во Кичево. Врз нив, полициски службеници извршиле вкупно 61 контроли. Во самоизолација се регистрирани вкупно 20 лица, од кои едно во Кичево и врз овие лица извршени се 14 контроли.

-Полициските службеници самостојно но и во координација со Државниот пазарен инспекторат извршиле 138 контроли врз угостителски и други објекти од кои 46 во Кичево, информира портпаролот Стефан Димоски.

Како што додаде, во текот на изминатото деноќие полициските службеници издале 151 прекршочен налог на физички лица за сторен прекршок спротивен на уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето, 38 од нив биле од Кичево.

-Во текот на вчерашниот ден, околу 22.30 часот, на локален пат во кичевското село Зајас, Ч.А. (42) го нарушил јавниот ред и мир со карање а потоа и физички ја нападнал Ф.Д.(17) , двајцата од истото село. Против напаѓачот, ОВР Кичево ќе поднесе пријава , објасни Димоски.

Back to top button
Close