Во Кичево 75 активни случаи на Ковид-19

Два нови случаи со Ковид-19 има во Кичево, 12 се оздравени, а едно лице почина. Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина достигна 268 лице, од кои 75 се активни, 182 се излекувани, а 11 лица се починати.

Ова денеска го истакна директорот на Општата болница и член на Општинскиот Кризен штаб во Кичево, Станко Трпески, кој рече дека денеска има намалување на бројот на активни случаи во градот.

Тој упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките од надлежните здравствени институции.

Back to top button
Close