Во Кичево, Македонски Брод и Пласница заврши гласањето, гласаа вкупно 620 лица

– Во општините Кичево, Македонски Брод и Пласница денеска правото на глас го остварија вкупно 620 лица. Гласаа изнемоштени и болни лица.

Гласањето почна навреме во седум часот и се одвивааше без потешкотии, немаше никакви забелешки за текот на гласањето, информираат од сите три општински изборни комисии .

Во Кичево денеска правото на гласаат го остварија 432 лица болни и изнемоштени, 13 одбиле да гласаат, додека пак во Македонски Брод оваа право денеска го искористија 125 лица,а  пет одбиле да гласаат. И во општина Пласница од оваа категорија на луѓе правото на глас денеска го остварија 63 лица, едно лице починало во меѓувреме, а двајца одбиле да гласаат.

Back to top button
Close