Во Киев краток марш на гордоста за првпат по руската инвазија

Околу 500 демонстранти протестираа денеска во украинскиот главен град Киев под силно обезбедување за правата на ЛГБТК заедницата.

Тоа беше првиот марш на гордоста по руската инвазија на Украина пред повеќе од две години, наведува ДПА.

Поради воената состојба, тешко е да се добијат дозволи за демонстрации. Првата демонстрација на гордоста се одржа во 2013 година и се одржуваше редовно помеѓу 2015 и 2021 година.

Демонстрантите денеска побараа легализација на граѓанските здруженија и остри казни за дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет.

Од безбедносни причини, маршот беше дозволен да продолжи само неколку десетици метри. Учесниците по неколку минути беа упатени кон подземното метро.

Учествуваа и неколку украински војници и дипломати од западните амбасади.

Локалните медиуми објавија дека стотици делумно маскирани поддржувачи на екстремно десничарски организации истовремено маршираа низ центарот на Киев и се обидоа да ги спречат демонстрациите на ЛГБТК да продолжат понатаму.

Полицијата наводно ги разделила двете демонстрации.

Back to top button
Close