Во Кина регистрирани 17 новозаразени од коронавирус

Во Кина во последните 24 часа се регистрирани 17 нови случаи на Ковид-19, што е мало зголемување во споредба со 16 од претходниот ден, соопшти денеска Националната здравствена комисија.

Од 17 случаи, три биле пренесени на локално ниво, а девет случаи се со потекло од странство.

Во Кина, во претходните 24 часа се регистрирани 11 асимптоматски случаи, што е намалување во споредба со вчерашните 18.

Вкупно 86.431 лице досега е заразено со корона вирусот во Кина, додека вкупно починале 4.643 лица.

Back to top button
Close