Во Кисела вода граѓани бегале од дома: Гореше џип до зграда во близина на детска градинка
Ноќеска, во близина на Шампионче, веднаш до градинката Весели цветови – објект Мимоза, било опожарено уште едно возило – џип Ренџ Ровер, со словачки регистарски таблички.
Според жителите, вистинска паника се создала, бидејќи возилото било паркирано веднаш до/под самата зграда, а пламенот зафатил и надворешен дел од зградата.
Станарите испаничени со ќебиња излегувале од домовите од страв пожарот да не ја зафати и зградата.
-Се се случи околу три часот наутро. Одеднаш се слушна пукотница, најверојатно предизвикана од пожарот по што се виде чад и пламен. Веднаш со сопругот и децата излеговме надвор, а многу кратко потоа дојде и полиција која ја евакуираше целата зграда- вели во изјава за Фактор, жителка на зградата.
Целиот текст на фактор.мк.