Во Кочани од невремето поплавени домови и паднати дрвја

Од Центарот за управување со кризи информираат дека од синоќешното невреме проследено со град и и дожд, поплавени се неколку објекти во Кочани.

Територијалната противпожарна единица од Кочани од 21:45 часот интервенирала на повеќе локации како ресторанот „Але Дар“ и повеќе улици каде имало поплавени домови. Паднати дрвја биле отстранети од улицата „Димитар Влахов“, од Монополски Бавчи, од улицата „Теодосија Панунов“ и од улицата „Скопска“ број 4, каде имало паднато дрво врз два автомобила. На улицата „Киро Кикенски“ бр.25 имало пожар на запалено борче од жиците за електрична енергија, кое по кратко време било изгаснато, додека на улицата „Скопска“ бр.40 се интервенирало на запалено електрично броило.

„Со овие интервенциии е завршено во 1:45 часот. Последна интервенција била во 2:15 часот на обиколницата кај компосарата од кај Виничко, каде имало паднато поголемо дрво, при што има прекин во сообраќајот за исклучок од градот Кочани“ информираат од ЦУК.

Во интервенцијата учествувале сите 15 пожарникари од ТППЕ Кочани, 22 пожарникари од доброволното противпожарно друштво и четворица пожарникари од ТППЕ Штип, додаваат од ЦУК.

Back to top button
Close