Во Косово 50 новозаболени од Ковид-19, 117 излекувани, но и пет смртни случаи за 24 часа

Рекордно ниска бројка, од вкупно 50 нови случаи на заразени од Ковид-19, е забележана во минатото деноноќие во Косово, споредено со последните речиси три месеци, односно од средината на месец јуни годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Охрабрувачки, според косовските здравствени власти, е и секојдневниот пораст на бројот на лица кај кои било потврдено присуството на новиот вирус, а кои ја совладале болеста. Така, вклучително вчерашните 117, бројката на излекувани од Ковид-19 достигна до 11.150 случаи.

Она што сепак ги загрижува надлежните власти и јавноста во Косово, и покрај намалувањето на бројот на новозаболени и порастот на излекуваните, се секојдневните смртни случаи на лица заболени од Ковид-19, кои во последниве месец и половина се движат меѓу пет и десет дневно. Така, вклучително петмината починати во последните 24 часа, бројот на жртви на пандемијата достигна 586.

Според последните официјални статистики на Институтот за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вкупната бројка на лица кај кои е потврдено присуството на новиот коронавирус, од почетокот на епидемијата, достигна до 14.496.

Вчера се извршени 561, а од почетокот на пандемијата 56.606 тестирања на лица за кои постоело сомневање дека се заразени.

Активни носители на вирусот во земјата, според овие последни официјални податоци, се 2.760 лица.

Back to top button
Close