Во Kосово од ковид-19  новозаболени  218,  од 461 тестирања

Во Косово состојбата со Коронавирусот зазема широки  размери. Оваа е оценката на надлежните здраствени институции. Министерството за здравство денеска соопшти дека во последните 24 часа регистрирани се  218 нови заразени лица од Ковид 19, додека вкупниот број на тестови бил 461 . Истиот извор наведува дека во последното деноноќие  излекувани се 156 лица, додека вкупниот број на лица кои се позитивни во овој момент изнесува 9.492.

Според Институтот за јавно здравје во Приштина во Косово до сега од вирусот  од Ковид  19 починале 284  кои имале и други болести, додека бројот на излекуваните е 5.346 .

До сега најмногу болни од Ковид 19 има во Приштина, Подујево, Гњилане, Урошевац, Призрен и други градови.

Косовската влада упати апел до населението да ги почитува мерките за заштита и да ја почитува физичката дистанца, бидеј’и само така може да се смири состојбата со ширењето на вирусот Ковид 19.

 

 

К.М

Back to top button
Close