Во Косово приведен македонски државјанин баран убиство во 2003-та

На 06.04.2022 во Косово е лишен од слобода македонскиот државјанин А.А. (48) кој се барал со меѓународна потерница за затворска казна од 12 години за кривично дело убиство, сторено на 26.05.2003.

Приведувањето следи како резултат на меѓународната полициска соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, која е поддржана од регионалниот проект на ЕУ-Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан ИПА 2019.

Back to top button
Close