Во Косово речиси 200 новозаразени

Во Косово во последните 24 часа се регистрирани три нови жртви на Ковид-19, така што бројката на лица кои починале како последица на епидемијата сега изнесува 669.

Според косовските здравствени власти, вчера имало 197 новозаразени и 48 излекувани, со што бројот на лица кај кои е откриен коронавирусот од почетокот на пандемијата сега изнесува 18.345, додека на оние кои ја совладале болеста 15.198.

Активни носители на вирусот моментно се 2.478 лица. Вчера се извршени 1.018, а од почетокот на пандемијата 89.108 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Back to top button
Close