Во Косово уапсени пет лица осомничени за тероризам

Специјалното обвинителство на Косово објави вечерва дека се уапсени пет лица осмоничени за подготвување терористички напади и неовластено поседување експлозивни средства, оружје и други материјали, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на Обвинителството, операцијата на Управата за борба против тероризмот на косовската полиција уследила по неколкумесечна истрага и спроведени тајни истражни и надзорни дејствија.

Обвинителството информира дека при претресот кај уапсените се откриени експлозивни материјали, огнено оружје, еден дрон и противтенковско оружје.

– Постои оправдно сомневање дека лицата ги извршиле кривичните дела „Подготвување терористички дејствија против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ во врска со кривичното дело „Вршење терористичко дело“, како и кривичното дело „Неовластен увоз, извоз, набавка, превоз, производство, размена, посредување и продажба на оружје и експлозивни средства“, се вели во соопштението.

Во рамки на законските рокови, најави Специјалното обвинителство, ќе биде поднесено барање за одредување притвор за уапсените, за чиј идентитет не се наведени никакви податоци

Back to top button
Close