Во Косово запленети три тони месо од Бразил внесени илегално од Македонија  

Граничната полиција на Косово објави дека запленила денеска, во селото Кабаш во општина Витина, југоисточно Косово, околу 3.000 килограми месо по потекло од Бразил, кои биле илегално внесени во земјата од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението на полицијата, надлежните власти претходно идентификувале возило комби без регистарски таблички, управувано од косовски државјанин, кое влегло илегално од Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close