Во ковид центрите во Скопје хоспитализирани уште 15 пациенти, вкупно се лекуваaт 245

– Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 245 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопштија од Министерството за здравство.

Од МЗ информираа дека во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми.

– Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 21 оздравен пациент. Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 17 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 21 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат девет пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 77 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 83 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има седум пациенти, наведоа од МЗ.

Вкупно 245 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Како што посочија од МЗ, голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

– Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 148 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, истакнаа од Министерството за здравство.

Back to top button
Close