Во ковид-центрите во Скопје се лекуваат 474 лица

 

Вкупно 474 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во Скопје, а голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.

Во последните 24 часа примени се 35 нови пациенти, а биле отпуштени само деветмина.

Здравствените власти уверуваат дека има слободни кревети, а ќе се ослободат и дополнителни со денешните исписи на оздравени пациенти.

Според состојбата од утрово, најмногу пациенти во Скопје се хоспитализирани на Инфективната клиника – 159. Во Градската општа болница „8 Септември“ има 108 болни, а во Детската болница во Козле 30 од кои 9 се деца, а 21 возрасен.

Кога се во прашање интерните клиники каде се отворија ковид-одделенија состојбата е следна: на Кожната клиника се лекуваат 24 пациенти; на Клиниката за неврологија 37; во Институтот за ТБЦ 54; на Клиниката за гастроентерохепатологија 26 лица; на Клиниката за нефрологија 24; а на Клиниката за очни болести има 12 пациенти.

Back to top button
Close