Во КОВИД центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 14 лица, вкупно се лекуваат 426
МИА МК
Во изминатите 24 часа во КОВИД центрите во Скопје се хоспитализрани 14 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшто Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало шест приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија, на Гастроентерохепатологија и на Очната клиника, а двајца на Клиниката за дерматологија.
Во КОВИД центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани двајца болни.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 21 пациент, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на ОРЛ 17 болен. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 21 пациент.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 103 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 133 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има пациенти.
Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.
Според Министерството, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка