Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 43 пациенти, вкупно се лекуваат 443
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа петмина пациенти биле хоспитализирани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, двајца болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, четири пациенти на ОРЛ, исто толку и на Клиниката за нефрологија и тројца на Клиниката за очни болести.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало девет нови приеми на пациенти, а 13 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекува 21 пациент, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симптоми на корона вирусот, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 22 болни.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 104 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 4 деца и 30 возрасни.