Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти, вкупно се лекуваат 441
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 44 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Со ова вкупниот број на лица сомнителни и потврдени со ковид -19 кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град е 441.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 6 приеми и тоа по еден пациент на Клиниката за нефрологија, на Клиниката за неврологија и на ТБЦ и тројца на Клиниката за дерматологија.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 26 лица.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 28, а на Институтот за ТБЦ има вкупно 30 пациенти, во ковид – центарот на Клиниката за нефрологија 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 11 пациенти, а на ОРЛ 20. На Клиниката за Гастроентерохепатологија има 20 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 94 лица, на Клиниката за инфективни болести 142 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 43 пациенти.
Голем дел од нив се на кислородна поддршка.
И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 76 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“.