Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 7 пациенти, а вкупно се лекуваaт 127 болни, сомнителни и потврдени за Ковид 19
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 7 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 127 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 6 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 11 оздравени пациенти.
Во ковид центритарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 48 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 60
пациенти.
Вкупно 127 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.