Во Козле се хоспитализирани 23 деца, од кои две се на кислородна поддршка, истакна Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција во владата ги кажа последните статистички податоци околу опасниот вирус Ковид 19, но нагласи дека има и стагнација на вакцинацијата во земјава.

До крајот на оваа недела ќе заврши секвенционирањето на вирусот и да видиме која мутација е сега присутна. Во моментот вакцинацијата е во стагнација. Околу 5.000 деца се вакцинирани од 12 до 18 години.  23 деца се хоспитализирани во Козле, од кои само две деца се на кислородна поддршка. Има заразено и едно двомесечно бебе – вели Филипче.

Тој додаде дека стигнале 40.000 вакцини за сезонски грип .

„Нема никаков ризик ако вакцината за сезонски грип и против корона се примаат во истиот период, истакна Филипче.

 

Back to top button
Close