Во Кратово до 9 часот гласале 6,32 отсто, а во Ранковце 7,51 отсто од избирачите

 Излезеноста во Општина Кратово до 9 часот изнесува 6,32 отсто од обработени 19 од вкупно 37 избирачки места, информира Марија Петковска, претседателка на ОИК, Кратово. Во оваа општина од североистокот право на глас имаат 7.881 граѓанин.

-Во однос на новиот начин на информирање за излезеноста, на секои два часа да се потполнува и апликација, на некои места доаѓа до преоптовареност на системот и по бавно ги добиваме податоците, па работиме паралелно и на телефонска комуникација, за да се обработат доследно сите податоци, рече Петковска.

Во текот на вчерашниот ден во Кратово од вкупно пријавените 77 изнемоштени и болни, своето избирачко право го оствариле 71 граѓанин.

Во Ранковце излезеноста до 9 часот е 7,51 отсто, а податоците се однесуваат на обработени 11 од вкупно 13 избирачки места.

Инаку, гласањето во Крива Паланка, Ранковце и Кратово почна навреме и во сите три општини избирачкиот процес се одвива непречено.

Back to top button
Close