Во Крива Паланка промовирана книгата „Чувари на прозорци“

Авторки и уметници од Крива Паланка и од Хималајско село создадоа книга со илустрации и текстови за деца, наменета и возрасни, „Чувари на проозрци“.

Кирила Цветковска од Крива Паланка, Северна Македонија и Кавита Син Кале од Џангал Бери, Химачал Прадеш, Индија се авторките чијашто прва заедничка книга беше промовирана во големата сала на Општина Крива Паланка синоќа.

Издавач и организатор е Локална установа Градски музеј, Крива Паланка, а „Чувари на прозорци“  е инспирирана од минатите и сегашни реалности на роднините места на Цветковска и Син Кале.

Прозорците раскажуваат приказни за една стара чаршија и една традиционална куќа изградена од кал, патувајќи низ времето и животот. И благодарам на Кирила што е достоен соработник и следбеник на она што го промовира градскиот музеј, а тоа е на еден врвен и високо-професионален начин да го промовираме тоа што го имаме и што е идентитет на сите нас како град и како држава, рече директорот на ЛУ Градски музеј, Крива Паланка, Драган Величковски, говорејќи во улога на промотор и организатор.

Издавањето на книгата е поддржано од Министерство за култура на РС Македонија, како проекти од национален интерес за 2022 година, со поддршка и од Општина Крива Паланка.

-Моето познатство со ко-авторката Кавита е виртуелно, а започна во 2020 година на уметничка онлајн резиденција во организација на „Ремото“ со две други резиденции до Шпанија и Колумбија, но нашата креативна енергија природно доживеа синергија во работењето и така, се разви и овој проект„Чуаври на прозорци“, што ги има буквално насекаде низ светот. Таа е реномиран автор на книги за деца, уметник и илустратор. Идејата е со книгата да поттикнеме и одредени социјални и општествени прашања коишто нас не интересираат, во овој случај, тоа е прашањето на културното наследство, а кај нас, конкретно, тоа е прашањето за старата чарчија и нејзионото одржување, но и нарушување, додека кај Кавита тоа е една куќа од кал, традиционално живеалиште за нејзиното поднебје, изјави авторката Цветковска.

Таа се заблагодари на сите приустни за поддршката на настанот, а на ЛУ Градски музеј и целиот персонал вработен во установата, за несебичната поддршка и помош во целокупната реализација на „Чувари на прозорци“, како што рече, од идеја до реализација, и секако на општината и Министерство за култура.

-На овој проект работевме интензивно повеќе од една година, од истражувања и споделувања приказни и реалности, за што морам да истакнам дека директорот на мзуејот, Величковски, има една богата пишана и орална историја за нашата стара чаршија, од типот на препознатливост на куќите, луѓе и фамилии кои живееле во нив, така што. Чаршијата навистина во првиот дел е моја главна инспирација и преку тврењето сакам да зачнам тема дека не можеме да ги решиме проблемите што ги имаме, но треба да сме свесни за значењето и вредноста на културното наследство и да изнаоѓаме соодветни решенија за проблемите, додаде Цветковска. 

Back to top button
Close