Во Куманово 12 нови заболени од Ковид-19

– Центарот за јавно здравје Куманово во последниве 24 часа евидентира дванаесет новозаболени лица од  Ковид-19, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Од нив, седум се од Куманово, пет се од општина Липково и според надлежните, сите новозаболени веќе имале контакт со веќе потврдени случаи.

Од почетокот на епидемијата според податоците на Министерството за здравство на територијата на Центарот за јавно здравје Куманово, Ковид дијагностицирани се 880 лице од кои во моментов активни се 212 случаи.

Back to top button
Close