Во Куманово дојави за бомби во девет основни и една во средно училиште

Градоначалникот на Куманово пред малку преку фејсбук информирапе дека утрово закани за подметнат експлозив добиле 9 основни и 1 средно училиште во Куманово.

Maksim Dimitrievski
. ·
Ја информирам јавноста дека дојави за бомби пристигнаа во девет основни и едно средно училиште на територија на Општина Куманово.
Станува збор за основните општински улилишта „11 Октомври“, „Бајрам Шабани“, „Браќа Миладиновци“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“, „Јероним Дерада“, „Карпош“ – Умин Дол, „Кирил и Методиј“, „Кочо Рацин“ и средното општинско улилиште „Гоце Делчев“.
Екипите на СВР Куманово при Министерството за внатрешни работи се на терен и се преземаат мерки за расчистување на случаите. Учениците и наставниците безбедно се евакуирани, а родителите и граѓаните да бидат смирени.
Во текот на вчерашниот ден, во општината имавме координативен состанок за справување во кризни ситуации и преземање на мерки.

Back to top button
Close