Во Куманово е тесно, Димитриевски е во предност од неколку стотици гласови
Независниот кандидат Горан Стојковски има извонреден пораст на гласовите во вториот круг на изборите за градоначалник на Куманово и таму трката е неизвесна, барем според пребројаните 64 отсто од гласовите.

Градоначалникот Максим Димитриевски (ЗНАМ) се бори за трет мандат. Тој води со 49,99 отсто од гласовите (8.762), додека Стојковски освоил 45,99 (8.062).
За броење остануваат уште педесетина избирачки места.






