Во Липково 22 новозаболени од Ковид-19

 Центарот за јавно здравје Куманово во изминатите 24 часа регистрира вкупно 24 нови случаи на новозаболени од Ковид 19. Дваесет и две лица се од Липково, а две од Куманово. 

Директорот на јавната здравствена установа д-р Ариф Љатифи денеска информираше дека од нив, 22 се од општина Липково, двајца од општина Куманово.

На подрачјето што го покрива Центарот за јавно здравје Куманово, во овој момент активни се 179 случаи, од кои, еден е во општина Старо Нагоричане,  31 во Куманово, останатите 147 во Липково, изјави Арифи.

Денеска се извршени 25 тестирања по „Мој термин“ и контролни тестови. 

Back to top button
Close