Во Македонија гласале околу 650 Бугари

На вчерашните парламентарни избори во Бугарија, во Македонија гласале околу 650 бугарски државјани, а најмногу гласови освои ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов.

На седум избирачки места во Македонија, ГЕРБ собра 207 гласови, што е 31,5 отсто од гласовите, според првичните неофицијални резултати на Централната изборна комисија. На второто место во Македонија е ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов со 136 гласа, или 20,7 отсто. Овие две партии освоија најмногу гласови во Македонија и на претходните избори во јули и април.

Ја продолжуваме промената (ПП), новоформираната партија која победи на изборите во Бугарија, во Македонија освои 68 гласови, или 10,3 отсто. Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов освои 21 глас, или 3,2 отсто.

Во Македонија, за бугарските избори се гласаше во Скопје, Охрид, Струмица, Кавадарци, Прилеп, Битола и Штип.

 

Back to top button
Close