Во Македонска Каменица нема активни случаи на Ковид-19
Во Македонска Каменица нема активни случаи на Ковид-19. Ова денес го потврдија од делчевскиот Здравствен дом кој управува и со Здравствената станица во М.Каменица, од каде информираа дека тројцата пациенти кои беа асимптоматски случаи, денес се регистрирани како оздравени.
-Добро е што за кратко време сите пациенти кои беа асимптоматски, се оздравени. Најпрвин за оздравен беше регистиран странскиот државјанин кој престојува во М.Каменица, а потоа и останатите тројца пациенти, кои за среќа не покажаа симптоми по нивните првични позитивни тестови, истакнаа од здравствениот дом.
По соопштувањето на денешните резултати, по нешто повеќе од две недели Македонска Каменица е повторно општина без активен случај на Ковид-19.
Од здравствениот дом претходно информираа за денешниот нов позитивен случај на коронавирус во Делчево кој е регистриран кај 77 годишна жителка.
Бројот на позитивни случаи во Малешевијата како што е потврдено од денешната статистика на Министерството за здравство и понатаму останува 6 пациенти.