Во Мали убиени четворица мировници на силите на ОН

Мисијата на Обединетите нации во Мали денеска соопшти дека четворица нејзини членови загинале, а неколку се повредени за време на напад врз нивната база во градот Агуелхок.

Мировниците реагирале и го одбиле нападот врз базата извршен од неколку „тешко вооружени терористи“, се наведува во соопштението на ОН.

Британските медиуми наведуваат дека во овој регион активни се исламистичките бунтовници.

Back to top button
Close