Во март 2024 година минималната плата ќе се зголеми за 2.325 денари

Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година, информираше министерот за економија Крешник Бектеши.

Минималната плата сега изнесува 20.175 денари. Во 2012 година, кога беше донесен Закон за минимална плата, таа изнесуваше 8.050 денари, што значи дека за 14 години, односно до март 2024 година, растот би бил 14.450 денари.

Дали со зголемувањето на минималната плата за 2.325 денари месечно се добива сума која е доволна за солиден живот и за задоволување на животните потреби, или пак Македонците кои живеат со минималец можат само да ги покријат основните трошоци?

Според Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на минималната синдикална кошница за септември 2023 година изнесува 48.379 денари.

Од таа сума за исхрана и пијалоци се одвоени 20.445 денари, за домување 13.724 денари, за хигиена 3.216 денари, за превоз 3.727 денари, за облека и обувки 2.325 денари, за култура 1.067 денари и за одржување на здравје 832 денари.

За споредба, според Сојузот на синдикати на Македонија, во септември 2012 година, кога минималната плата изнесуваше 8.050 денари, вредноста на минималната синдикална кошница изнесувала 31.874 денари.

Тогаш за храна и пијалоци биле потребни 13.316 денари, за домување 10.485 денари, за хигиена 2.153 денари, за превоз 2.339 денари, за облека и обувки 1.930 денари, за култура 1.070 денари и за одржување на здравје 577 денари.

Back to top button
Close