Во Мексико пронајдени 23 тела во масовна гробница

Најмалку 23 тела се пронајдени во масовна гробница во близина на локална полициска станица во Гвадалахара, втор по големина град во Мексико, соопштија од обвинителството.

Од 23 тела, три се идентификувани и семејствата на жртвите се известени, соопшти обвинителството, додавајќи дека масовната гробница се наоѓа помеѓу две куќи во близина на локалната полициска станица на периферијата на Гвадалахара.

Во тој дел на Мексико, пронајдени се вкупно 487 тела во неколку масовни гробници.

Западниот дел на Мексико е цел на насилства повеќе од пет години, поради присуството на моќен локален нарко картел.

Back to top button
Close