Во Мексико убиен уште еден новинар

Во Мексико е убиен новинарот Виктор Кулебро Моралес (39), кој беше главен уредник на порталот за вести Realidades со повеќе од 20.000 претплатници на Фејсбук.

Телото на Моралес е пронајдено на пат меѓу градовите Ариага и Хикипилас, на југот на земјата, соопшти Обвинителството.

Покрената е истрага за убиство.

На телото на новинарот имало траги од куршуми и удари, јавуваат локалните медиуми.

Моралес е син на политичар од државата Чиапас.

Од 1994 година, повеќе од 150 новинари се убиени во Мексико, земја зафатена од бран насилство поврзано со организиран криминал.

Back to top button
Close