Во месецот посветен на свесноста за ракот на дојката потсетуваме зошто превентивните прегледи значат живот  

Во последните неколку години ракот на дојката рапидно се зголемува кај женската популација, а се зголемува и бројот на болните од овој тип канцер и кај мажите. Според Светската здравствена организација, ракот на дојката првпат претставува најчесто појавуван карцином на глобално ниво, додека официјалните податоци на Институтот за јавно здравје велат дека овој тип рак претставува најчеста причина за фатален исход, а секоја осма жена во текот на својот живот ќе се соочи со ова заболување.

Во месец октомври, којшто е посветен на свесноста за ракот на дојката потсетуваме зошто превентивните прегледи значат живот. Податоците кажуваат дека повеќе од 90% од пациентите на кои им е дијагностициран рак на дојката можат да се излекуваат и да имаат квалитетен живот ако им се постави дијагноза во раната фаза. Ракот на дојката може да биде спречен со редовна физичка активност, со одржување здрав начин на живот, внесување избалансирана исхрана, витамини и минерали, ограничен внес на шеќери, тутунски производи и алкохол, но и да биде навремено дијагностициран со спроведување редовни и превентивни лекарски контроли.

Ракот на дојката се манифестира со неконтролиран раст на клетките на дојката, а пациентите и членовите на семејството се соочуваат со многубројни животни предизвици, како зголемен стрес и анксиозност. Покрај тоа, пациентите се соочуваат и со низа системски слабости. Ова значи дека честопати не се задоволни од третманот што им се дава бидејќи не може да ги задоволи сите нивни потреби – брзина на добивање посакувана услуга, избор на лекар или институција, како и соодветна нега. Лекувањето во приватните здравствени установи е брзо, но би ги изложило на многу високи трошоци.

Од друга страна, доброволното здравствено осигурување е идеално решение бидејќи обезбедува поголеми права и подобра услуга во однос на задолжителното здравствено осигурување. Овој тип осигурување е наменето за секој што сака повисок стандард на здравствена заштита и претставува додаток на основната здравствена заштита гарантирана со Законот за задолжителното здравствено осигурување.

Пакетите за доброволно здравствено осигурување CROCARE што ги нуди Кроација осигурување обезбедуваат брза и лесно достапна медицинска услуга. Тоа значи директно одење на лекар без бескрајни редици и губење време. Заедно со удобноста и квалитетот на здравствената услуга, посебна предност е обезбедената поддршка во текот на лекувањето и директно плаќање во болниците, кои се дел од партнерската мрежа.

CROCARE осигурувањето е без сопствено учество во штетата, односно 100 проценти ги покрива трошоците за здравствените услуги, кои директно се плаќаат во болниците преку сопствениот контакт-центар на Кроација. Притоа секој осигуреник, преку својот личен профил на „Моја кроација“, може  онлајн да пријавува и да ја следи секоја штета. Ова осигурување обезбедува и територијално покритие за операции и болничко лекување низ цела Европа.

Постојат неколку CROCARE пакети, кои вклучуваат различно ниво на медицинска заштита почнувајќи од 500 денари месечно. Почетните пакети CROCARE lite и CROCARE lite+ вклучуваат болничко лекување и лекување од малигни заболувања, додека основниот пакет CROCARE, како дополна на почетните пакети нуди и специјалистички прегледи во сегментот на превентивната нега. Пакетот CROCARE+, како дополнување на основниот пакет, овозможува и комплексна дијагностика, додека CROCARE flexy како дополнување на основниот пакет ги покрива трошоците за набавка на лекови, како и за физикална терапија.

Back to top button
Close