Во Министерството за надворешни работи формиран кризен штаб за координирање со надлежните институции за несреќата во Кочани
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со трагичната несреќа што се случи утрово во Кочани, соопшти дека формирало кризен штаб кој редовно ја следи состојбата и координира со надлежните институции.
Како што наведуваат од МНРНТ, за сите информации, на располагање е дежурниот телефонски број 075/273-732.
-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање за секоја неопходна поддршка и помош, стои во соопштението.