Во мојот мандат никогаш не се разговарало за носење на мигранти од Британија

Во мојот мандат никогаш не се разговарало за носење на мигранти од Британија, истакна во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот претседател, Стево Пендаровски.

Во моите пет години, со мене од страна на Велика Британија никогаш не се разговарало за мигранти. Имам слушано дека на пониско ниво се тестирал теренот, но никогаш не е дојдено до фаза да дојде на Влада, па да се прават концепти како да се изведе тоа. Јас кажав претходно, ние немаме потпишано стратегиски договор со Обединетото Кралство, ајде дајте ни го текстот на договорот да го видиме.

Засега немаат договорено кампови за бегалци, но според моите информации се разговара за тоа“, вели Пендаровски, кој сепак смета дека нема да бидат договорени прифатни кампови, но сепак недостига транспарентност.

Во врска со средствата кои Македонија ги добива од Британија, Пендаровски појаснува дека се работи за кредит.

– „Тие милијарди не се помош, туку кредит кој ќе треба да се враќа, а проектите кои ќе се прават ќе ги работат Британци, објасни поранешниот претседател.

 

Back to top button
Close