Во Москва приведени новинари кои протестираа поради апсењето на Софронов

Околу 20 руски новинари, кои дојдоа да го поддржат својот колега, поранешниот новинар на „Комерсант“, Иван Софронов, обвинет за државно предавство, беа приведени денеска пред истражниот затвор Лефортово во Москва.

Учесниците на мирниот протест, претежно новинари, носеа маички „Слобода за Софронов“ и без образложение се спроведени во полициски комбиња.

Софронов, кој беше уапсен на 7 јули, тогаш беше на позицијата советник на шефот на Руската агенција за вселенско истражување (Роскосмос).

Федералната служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека Софронов им предавал тајни податоци за воено-техничката соработка меѓу Русија и африканските земји на една од специјалните служби на НАТО во текот на 2017 година.

На Софронов денеска официјално треба да му биде претставено обвинението.

Back to top button
Close