Војна на Косово, еднакво на исчезнување на Македонија


Расте загриженоста во регионот од развојот на ситуацијата на Северот од Косово. Многумина го поставуваат логичното прашање: ќе има ли војна, односно поширок воен судир помегу Србите и Албанците? Вел, Албанците (“единствен културен простор” – кованица на Сали Бериша), а не Албанците – Косовари.

Ситуацијата е навистина напната, толку напната што сама по себе исклучува поширок регионалоен судир на Северот, без, во него да се вклучат, пред се, Албанците и Србите од Југот, под Ибар, веднаш потоа Албанците од Албанија и Македонија. Тоа е веќе видено, тука кај нас 2001-та, кога ОНА и ОВК делуваа заедно и координиорано. Ако може да му се верува на Вучиќ (зошто и да не ?), војската на Албанија е веќе на Северот, преку единиците на КФОР!
Судир од пошироки размери, во оваа нова рамнотежа на стравот, е речиси исто со дилеме: ќе употреби лу Путин атомско оружје? Нема да го употреби затоа што и самиот односно, неговата земја ќе бидат уништенни.

Поширок судир на Балканот е незамислив и од контекстот, односно факторот Путин. Да му тргнеше во Украина поинаку, да стигнеше на полската граница и малку – понаваму, тогаш пеќи!

Поширок судир во регионот е исто што и Србија, сведена на “Белградски пашалак!” – кованица на симпатичниот белградски господион,градоиначалникот, со црвениот шал, околу вратот, архитектот Богдан Богдановиќ. Тоа го знае Вучиќ, тоа го знае и Милорад Додик од Република Српска, како и новата српска претставничка во сараевското Претседалство Жељка Цвијановиќ, која веќе манифестира ставови поразлични од својот покровител во Бања Лука . Може да исчезне и таа Дејтонска творба.
Во Босна и Херцеговина, веќе има НАТО војска, АМЕРИКАНСКИТЕ НОСАЧИ НА АВИОНИ ЗАЧЕСТЕНО СЕ УСИДРУВААТ во Сплит, а блиску е и Командата во Неапол. Како таа дејствува, Србите веќе знаат од 1999 година, од масовното 4 месечно бомбардирање (операција “ојузничка сила”, како дел од тогашната војна на Милошевиќ на Косово).

Знае и Вучиќ. Нов поширок судир на Балканот, е еднакво на голема Балканска војна, во која, најнаоред, ќе исчезне самиот Вучиќ од политичката сцена. Тој на Милошевиќ му беше министер за информации, вешто ги совлада алатките на пропагандата кои денес ги употребува- уште повешто, но, се мора да остане само на декларација и силење. Вучиќ го бара она што однапред знае дека нема да го добие: Враќање на илјадна војска и полиција на Северот.

Милошевиќ одбра да војува на Косово, за да го изгуби! Тоа денеска постои само во српскиот Устав. Компензираше во Дејтон со Република Српска, но затоа, на салфетката со Туѓман, го исцрта погромот на Србите од Хрватска. Тешко дека Вучиќ ќе го повотри “јунаштвото” на Милошевиќ, кого авантурата го чинеше жива глава, погром на неговото семејство, кој во Русија кој во Црна Гора.

Ние граѓаните од Македонија, посебно Македонците, треба добро да ги читаме овие лекции. Нема нова војна на Косово без масовно учество на Албанците од Македонија. Од спротива, и без масовно учество на Србите од Македонија.
Што можат да прават Македонците, во нов балкански судир и од земја која им е во НАТО, исто како и Албанија. Ништо освен да се “јуначат” по примерот на Славјанка, да испраќаат ќебиња и џемпери на Шар Планина и да “војуваат” кој под Јорган планина-овде, кој на плажите по Халкидики, или, на планините на Боровец, во Бугарија. И тоа е веќе видено.

При едно катастрофално сценарио, нема да ни остане ништо во рака, освенј,едноставно, наместо за “гулабот на гранка”– евентуален подоцнежен сојуз со браќата Срби, да се определат за врапчето – колку толку, каква таква оставнина од денешна Македонија.
Нова делба, ново прекројување, ново заграбување. Бугарите и во мир не не даваат никому – од Охрида града до Черното Море, какви такви, колку толку од парчето што ќе остане.

И што на крајот: НАТО, НАТО наше злато ! Или, како што глаголеше еден поранешен воен министер: како јато во НАТО! Да се крстиме во “ бабата” (таткото) на турската нација, Ердоган, кој, барем поради Турците овде и неговиот традиционалчен позитивен однос кон Македонија, нема да го дозволи најлошото сценарио.

Кога се делевме оде Србите и ЈНА во Југославиуја, не спаси мудроста на Глигоров, кој одбра да му даде се на генерал Хаџиќ, сосе штекерите од касарните и, на крајот, уште и со “сиктер кафе” да го испрати.

Во 2001 – та се спасивме со протестантската блискост и врските на Трајковски со одлучувачките центри во Вашингтон. Денеска немаме такви, останува уште само разумноста на народот. Добро да ја употребиме, за поправен испит шанса ќе немаме.

Веле Митаноски

Back to top button
Close