Во напад со дрон на воена база во Приднестровје изгоре хеликоптер

– Хеликоптер е уништен во напад со беспилотно летало врз воена база во отцепениот молдавски регион Приднестровје во близина на Украина, соопштија тамошните проруски сепаратисти, пренесува ДПА.

– Изгоре стар хеликоптер кој стоел на пистата во нефункционална состојба, изјавија претставници на приднестровското Министерство за безбедност за руската државна новинска агенција ТАСС.  Според нив, дронот дошол од соседниот украински регион Одеса.

Нема извештаи за жртви и повредени. Локална телевизија, која е под контрола на сепаратистите, објави слики од експлозијата.

Регионот Приднестровје се отцепи од Молдавија во 1990-тите. По почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, молдавските политичари постојано изразуваат загриженост за плановите на Москва за регионот. Русија, пак, која го поддржува отцепениот регион, тврди дека Молдавија и Украина подготвуваат провокации и напади.

На крајот на февруари, проруските власти во регионот побараа од Русија заштита „поради зголемениот притисок од Молдавија“.

Контингент од 1.500 руски војници е стациониран во Приднестровје, а многу од жителите на регионот имаат и руски пасоши

Back to top button
Close